ДОБРО Е ДА ЗНАЕШ

Често поставувани прашања

Сè што ти треба за првата резервација или за да станеш домаќин.

Сите сместувања
Како да побарам резервација?

Избери сместување, датуми и број на гости. Најави се, провери ја цената и правилата, па испрати барање до домаќинот.

Кога е потврдена мојата резервација?

Резервацијата е потврдена кога домаќинот ќе го прифати барањето. Следи го статусот во „Мои резервации“ и во нотификациите.

Дали се плаќа онлајн преку room.mk?

Во моментов room.mk не наплаќа онлајн. Начинот и времето на плаќање договори ги директно со домаќинот пред престојот.

Како да откажам резервација?

Отвори „Мои резервации“ и избери „Откажи резервација“, ако опцијата е достапна. Пред резервирање провери ги условите за откажување на сместувањето.

Како да го контактирам домаќинот?

На страницата на сместувањето користи телефон или WhatsApp, ако домаќинот ги овозможил. Со барањето можеш да испратиш и порака.

Како да го додадам моето сместување?

Регистрирај се и избери „Аплицирај како домаќин“. По одобрувањето потврди го активирањето на твојот пристап за да започнеш со додавање сместувања.

Кога можам да оставам оцена?

По завршувањето на прифатен престој, во „Мои резервации“ можеш да оставиш оцена од 1 до 5 ѕвезди и коментар.